• Мартин Танасковски
Партизани Тирана продолжи да носи играчи од Македонија во овој преоден рок и потпиша со Давид Атанаскоски.
25-годишниот фудбалер кој настапува на левата бековска позиција доаѓа од актуелниот Куп-освојувач Македонија Ѓорче Петров. Со Партизани Тирана потпиша едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Атанаскоски е петти Македонец во овој тим, откако во летниот преоден рок дојдоа Матеј Цветаноски и Беким Реџепи, а од претходно тука настапуваат Егзон Белица и Александар Дамчевски.
Левиот бек ќе се стави на располагање на тимот на Партизани Тирана на подготовките во Словенија.