ВИДЕО: „Давеникот“ Хетафе успеа да остане непоразен кај Атлетико во Мадрид

Фудбалерите на Хетафе успеаја да останат непоразени по пет последователни порази и тоа на гости кај Атлетико Мадрид (1-1). Средбата од 20. коло на шпанската Примера, која се одигра на „Ванда Метрополитано“, долго немаше погодоци, потоа домаќинот поведе, но не успеа да ја задржи предноста. 

  • Атлетико Мадрид - Хетафе 1-1: 

Првото полувреме мина во знакот на претпазливоста на двете екипи, па поради тоа вистинските шанси изостанаа на двете страни. Еднаш се тресеше гостинската мрежа преку Алваро Мората, меѓутоа голот не важеше поради офсајд. 

До предност „јорганџиите“ стигнаа по точно еден час игра. Анхел Кореа постигна погодок кој иако првично беше поништен, со помош на ВАР-асистенцијата судијата Лахоз мораше да го признае (1-0). Во последниот период од мечот, Саул Нигез играше со рака и дозволи пенал за гостите. Херој на Хетафе беше Енес Унал, кој успеа да го матира Јан Облак за 1-1 во 83. минута, резултат кој на крајот беше и финален. 

  • Елче - Виљареал 3-1: 

Попладнево изненадување приреди и Елче, кој го совлада Виљареал (3-1), додека Еспањол и Осасуна го поделија пленот (1-1). 

Состави

Диего Симеоне

4-4-2

    Quique

    5-3-2