Дашмир Елези се врати во мак-фудбалот и потпиша со Работнички

Фудбалскиот клуб Работнички промовира квалитетно и перспективно засилување за нападот, бидејќи потпис на договор стави Дашмир Елези. 

20-годишниот напаѓач по една ипол година се враќа во мак-фудбалот каде што во минатото настапуваше за матичната Шкендија. Минатиот јануари Елези се пресели во Локомотива Загреб, а пред една година направи трансфер во Приштина. Сепак, во Косово не се наметна и сега реши да се врати во ПМФЛ: 

Работнички го привлече Елези со тригодишен договор и можност да игра во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. 

Инаку, Дашмир Елези своевремено беше најмлад дебитант во мак-фудбалот, но приматот оваа сезона му го презеде Фисник Алиу од третолигашот Фортуна.