ВИДЕО: Дарвин Нуњез се презентира во Ал-Хилал со гол на дебито

Дарвин Нуњез дебитираше за новиот клуб Ал-Хилал и тоа на одличен начин. Уругваецот даде гол на своето деби во високата победа против Арау од Швајцарија (0-6). 

Во финишот на средбата во Германија шестиот гол во швајцарската мрежа беше дело на Нуњез. Уругвајскиот фудбалер доби топка на десната страна, добро се снајде и ја испрати во голот за поставување на конечниот резултат. 

Освен Нуњез во листата на стрелци се запишаа Милинковиќ-Савиќ, Малком, двапати Кано и еднаш Швајцарците си дадоа автогол.