• Зоран Мишевски
Иако минатата сезона ја заврши на третото место, Бенфика го има најдобриот фудбалер во Примеира. Дарвин Нуњез ја освои наградата за играч на сезоната 2021/22 во португалската лига.
Нуњез постигна 34 гола и подели четири асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања за Бенфика. Уругвајскиот напаѓач беше во клубот од септември 2020 година.
Во октомври 2019 година, Нуњез дебитираше за репрезентацијата на Уругвај, а досега постигна два гола на единаесет натпревари. Пред да дојде во Португалија, Нуњез го носеше дресот на Алмерија во Сегунда, а летово е најскап трансфер во Премиер лигата.