Дарко Велковски заради статусот на излезна врата од Зрињски

Фудбалерите на Зрињски зад себе имаат повеќе од солидна полусезона. Играчите изборија историски пласман во нокаут-фазата од Конференциската лига, а во Премиер лигата на БиХ моментално се наоѓаат на второто место, со три бода помалку од лидерот Борац.

Во клубот планираат во текот на зимската пауза дополнително да го засилат ростерот, но во исто време се очекуваат и неколку заминувања од редовите на Зрињски. Посебно интересно ќе биде да се следи статусот на фудбалерите кои имаат важечки договор, но кај тренерот Штимац беа на маргините, велат од БиХ.

Еден од играчите за кои се најавува заминување е искусниот македонски стопер Дарко Велковски, кој оваа сезона одигра само еден натпревар и тоа во Купот на БиХ. Со оглед на неговото искуство и реноме, но и фактот дека веројатно станува збор за поскап играч, реално е да не прифаќа улога на резерва. Токму затоа, Велковски важи за еден од најизгледните кандидати за заминување од клубот во текот на зимскиот преоден рок.

Велковски дојде во Зрињски како слободен играч, откако го раскина договорот со романски Динамо Букурешт. Зад себе тој има настапи за Ал-Етифак од Саудиска Арабија, Ријека од Хрватска, како и домашните Вардар и Работнички. Се работи за стандарден репрезентативец на Македонија, со 55 настапи и три постигнати гола во сениорскиот тим.