• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски одлично се снајде во Романија и доби првотимски статус во Динамо Букурешт, па клубот може да го задржи и следната сезона.
28-годишниот Велковски имаше договор со романскиот прволигаш шест месеци. Дојде во јануари, па тој сега е истечен. Фудбалерот и раководството водат интензивни разговори за нова соработка, затоа што Динамо сака да го задржи Македонецот.
Велковски одигра 16 натпревари за Динамо во шест месеци и даде еден гол. Претходно, стоперот беше дел и од Ал-Етифак (Саудиска Арабија), Ријека (Хрватска), како и македонските Вардар и Работнички.




