• Мартин Танасковски

Македонскиот стопер Дарко Велковски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Романија каде ќе го носи дресот на Динамо Букурешт.
28-годишниот дефанзивец беше слободен повеќе од шест месеци по разделбата со Ал-Етифак, а иако се пишуваше за негов можен ангажман низ неколку европски клубови од стартот на сезоната, до такво нешто не дојде.
По долги преговори и барање на нова средина, изборот падна на романскиот тим Динамо Букурешт со кого е парафиран договор до крајот на сезоната. Тимот е петнаесетти, претпоследен во романскиот шампионат и го чека битка за опстанок.
Последните настапи на Велковски беа во Саудиска Арабија, а претходно во својата биографија тој ги има хрватска Ријека, македонски Вардар и Работнички.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.