Дарко Велковски искористи нова повреда и пак заигра за Ријека

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски втор меч по ред играше за Ријека, на натпревар во хрватскиот шампионат и тоа интересно, на вториот влезе од клупата за резерви поради повреда на стопер.

Велковски беше дел од составот на тимот од Рујевица во победата од 2-0 (1-0) над Истра. Македонецот влезе од клупата за резерви во 12. минута, поради повредата на Пучнец кој падна незгодно и беше изнесен на носилки.

Слично беше и на претходниот натпревар, против Рудеж, на кој стоперот влезе во игра во 46. минута, исто така поради повреда на дефанзивецот Жоао Переира.

Дарко Велковски е потребен во топ-форма на селекторот Игор Ангеловски, за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2020 против Летонија и Словенија.