• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски е нов играч на босанскохерцеговскиот првак Зрињски од Мостар. Дефанзивецот потпиша едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен до 2027 година.
Велковски, кој претходно се поврзуваше со Железничар, во Зрињски доаѓа како искусно засилување за задната линија, со богато меѓународно искуство стекнато во Хрватска, Романија, Унгарија и Саудиска Арабија.
Неговото приклучување на тимот се смета за значаен потег во амбициите на Зрињски за настап во европските натпреварувања и борбата за нова титула во домашното првенство.
Ова е нов предизвик во кариерата на Велковски, кој останува во фокусот на селекторот Благоја Милевски во пресрет на претстојните репрезентативни обврски.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





