• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски стрелаше во Лигата на Европа за неговиот клуб Ријека и го даде голот првенец во дресот на хрватскиот тим.
Стоперот се запиша во листата на стрелците на дуелот против Реал Сосиедад (0-1) во рамки на петтата рунда. Македонецот беше највисок по еден корнер и го отвори резултатот на „Аноета“.
- Голот на Дарко Велковски за Ријека:
Дарко Велковски игра во одлична форма и со натпреварите на клупски и на репрезентативен план покажува зошто е прв избор на Игор Ангеловски во стоперската линија.