Дарко Тасевски прв асистент во клубот каде ја заврши кариерата

Неодамна пензионираниот македонски фудбалер, Дарко Тасевски, официјално ќе биде дел од стручниот штаб на неговиот последен клуб во кариерата, Славија Софија. Тој ќе биде прв асистент на новиот кормилар на Славија, Шпанецот Хозе Мари Бакеро. 

Тасевски поседува УЕФА-лиценца за помошник-тренер, а ова за него ќе биде прв ваков предизвик. Македонскиот фудбалер во Славија Софија мина четири сезони, настапи на вкупно 55 натпревари и пет пати се запиша во листата на стрелците. 

Во минатото Дарко Тасевски беше првотимец и во репрезентацијата на Македонија, а во дресот на „рисовите“ одигра 45 натпревари.