ВИДЕО: Дарко Тасевски нокаутира противник во Бугарија

Македонскиот интернационалец Дарко Тасевски имаше инцидент на натпреварот меѓу Ботев Враца и Славија Софија, откако влезе во клинч со противнички фудбалер и го нокаутира.

На стартот на второто полувреме, во натпреварот во кој имаше многу тензија, еден од фудбалерите на Ботев беше преагресивен, па малку го „закачи“ и Тасевски во еден дуел. Македонскиот фудбалер не остана имун на тоа, па го патосира.

  • Инцидентот на натпреварот во Бугарија:

Дуелот меѓу двата бугарски тима е за борба за место во Лигата на Европа. На мечот имаше многу инциденети, поголеми од овој кој го приреди Дарко Тасевски.