Дарко Тасевски како тренер се врати во клубот каде има статус на икона!

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски има нов клуб во Бугарија. 40-годишникот се врати во клубот каде е голем миленик - Левски од Софија.

Тасевски беше дел од Славија Софија каде работеше како асистент, но по промената на стручниот штаб во Левски, доаѓа во клубот каде остави голема трага како играч од 2007 до 2012 година.

Дарко Тасевски ја заврши кариерата лани, во редовите на Славија Софија. Целата кариера му траеше 20 години, а претходно играше на Тајланд за Кон Каен, Суфанбури, Бангкок Глас, има и настапи во израелска Шмона, бугарски Левски, украински Металург Запорожје како и македонските Вардар и Цементарница 55. 

Зад своето име Дарко Тасевски има и 45 настапи за репрезентацијата на Македонија, со еден постигнат гол.