Дарко Стојанов си замина од Детонит Плачковица?

Искусниот стопер Дарко Стојанов во новата сезона веројатно ќе има нов клуб затоа што е пред заминување од екипата на Детонит Плачковица по крајот на актуелната сезона во која клубот играше бараж за ПМФЛ.

Радовишани може да останат без искусниот 34-годишен играч кој беше главен дел од стоперската линија во сезоната во која тимот заврши трет на табелата во Втората лига.

Одлуката се очекува да падне наскоро. Играчот во моментов води преговори со повеќе клубови. Можност е и да остане во Радовиш, но се ќе зависи од разговорите кои се во тек.

Штипјанецот дојде во Детонит Плачковица од Гостивар, а претходно играше и за Вардар, Брегалница, Ренова, Борец, Турново, Беласица, Маџари Солидарност, како и бугарскиот Дунав Русе.