• Мартин Танасковски
Искусниот стопер Дарко Стојанов нема да менува клуб, затоа што најде заеднички јазик со Детонит Плачковица и останува во второлигашот и следната сезона.
34-годишникот беше важен дел од одбраната во најдобрата сезона во клупската историја во која радовишани играа бараж за влез во ПМФЛ. Иако договорот му истече и водеше преговори со повеќе екипи, сепак, реши да ја прифати онаа понуда на Детонит која беше најкоректна.
Штипјанецот дојде во Детонит Плачковица од Гостивар, а претходно играше и за Вардар, Брегалница, Ренова, Борец, Турново, Беласица, Маџари Солидарност, како и бугарскиот Дунав Русе.