Дарко Крстески експресно пронајде нов клуб во ВМФЛ

Искусниот македонски стратег, Дарко Крстески експресно пронајде нов клуб, откако пред само еден месец се раздели со екипата на Новаци.

Негова нова средина ќе биде Гевгелија, каде што ќе го води тимот на Кожуф. Интересно е тоа што Крстески на клупата на Кожуф ќе седне на местото на Иван Варадиновски, кој летово се упати во обратен правец – од Гевгелија во Новаци.

Крстески зад себе остава успешен тригодишен мандат во Новаци, каде што беше еден од најзаслужните за стабилизацијата на клубот. Минатата сезона Новаци го освои седмото место во Втората лига, што е еден од најдобрите резултати на клубот во последната деценија.

Искусниот стратег претходно ги предводеше и Победа, Пелистер и Караорман, а сега го очекува нов предизвик на клупата на Кожуф.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.