Дарко Илиески го спаси Билис од пораз во дербито со Тирана

Македонскиот интернационалец Дарко Илиески игра добро и во континуитет во шампионатот на Албанија. Дефанзивецот викендов се запиша меѓу стрелеци во ремито на неговиот Билис Балш во главниот град. Имено, новиот клуб на прилепчанецот ремизираше против фаворитот Тирана, а токму Илиески беше стрелец на голот за финални 2-2. 

Со ова реми клубот од нашиот одбранбен фудбалер остана на осмото место со 33 бода. 

Прилепчанецот се врати на Балканот, откако стана шампион со најпопуларната екипа во Таџикистан, Истигол Душанбе. Илиески по настапите во Таџикистан, за Копер во Словенија и Ширак во Ерменија сезонава игра во уште едно ново национално првенство.

Низ кариерата тој беше дел и од Струга, Пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург и 11 Октомври.