Дарко Додев по прва странска авантура во албанска Влазнија

Македонскиот фудбалер Дарко Додев замина од Првата македонска фудбалска лига (ПФМЛ) и кариерата ќе ја продолжи во Албанија.

25-годишниот крилен играч беше еден од подобрите играчи на Брегалница, но откако доби понуда од надвор, реши дека е време за нов предизвик. Нов клуб на Додев ќе биде албанска Влазнија која воедно ќе биде и прв интернационален ангажман.

Додев покрај за Брегалница досега играше и за Силекс, Тиквеш и Металург. Оваа сезона во ПМФЛ одигра 29 натпревари на кои забележа учинок од седум гола и единаесет асистенции.