Дарко Чурлинов вторпат е МВП на натпревар во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја доби наградата за МВП на натпреварот меѓу екипите на Јагјелонија и Корона Киелце кој се одигра во рамки на полската Екстралига.

Јагјелонија успеа да слави пред својата публика со 3-1, а Чурлинов беше стрелец на третиот гол, кога атрактивно погоди со волеј од пред казнениот простор. Изданието му донесе награда за најдобар играч на мечот.

Претходно, Чурлинов беше МВП на дебито во дресот на Јагјелонија, на натпреварот против Краковија.