Дарко Чурлинов прогласен за МВП на дебито за Јагјелонија

Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов ја доби наградата за МВП на натпреварот меѓу полска Јагјелонија и Краковија во елитниот шампионат на земјата.

Јагјелонија дома загуби во дербито со Краковија (2-4), а Чурлинов беше асистент за вториот гол на домашните. Се играше 26. минута, а погодокот дојде по една страшна акција со додавања од прва која почна со Чурлинов, а негов беше и завршниот пас.

Поради добрата игра на првиот натпревар во новата средина, Чурлинов го доби признанието за МВП на теренот. Крилниот играч е во сопственост на Барнли, но оваа сезона се очекува да ја мине во целост во Полска.