• Мартин Танасковски
Турскиот прволигаш Кочаелиспор започна со сериозни промени во играчкиот кадар во пресрет на новата сезона во Суперлигата. Раководството на клубот официјално потврди дека се разделува со десет фудбалери кои нема да бидат дел од тимот во сезоната 2026/27.
Особено внимание привлекува заминувањето на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој повеќе нема да биде дел од зелено-црните. Крилниот напаѓач во изминатиот период беше еден од интернационалците во составот на турскиот клуб и одигра 12 меча, но неговата авантура во Кочаелиспор завршува по одлуката на раководството за реконструкција на тимот.
Клубот исто така го напуштаат и Ахмет Сагат, Ахмет Огуз, Гокхан Дегирменџи, Фуркан Гедик, Мухарем Џинан, Сердар Дурсун, Џан Келеш, Дарко Чурлинов, Александар Јовановиќ и Карол Линети.
25-годишниот македонски репрезентативец во Кочаелиспор дојде од полска Јагјелонија, а претходно настапуваше за Шалке 04, Барнли, Штутгарт и Келн. За Македонија, Чурлинов има 33 настапи и четири гола.

