Дарко Чурлинов ќе направи трансфер во Андерлехт?

Дарко Чурлинов

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов според „Скај Спортс“ кариерата ќе ја продолжи во Андерлехт.

Добрите игри во Шутгарт му донесоа интерес од белгискиот гигант. 22-годишникот наводно е блиску до потпис на договор со нова екипа, иако има активна соработка со бундеслигашот до 2024 година. Понудата од Андерлехт се очекува до крајот на оваа недела. Таа треба да изнесува меѓу четири и пет милиони евра, што е повеќе од она што првично го бара Штутгарт.

Исто така за Чурлинов има интерес од Барнли на Винсент Компани. Англискиот тим, сепак, е подготвен да плати само три милиони евра.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.