ВИДЕО: Дарко Чурлинов го даде првенецот за Погон

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов остави одличен впечаток во дресот на Погон Шчечин и на најдобар можен начин ја оправдува довербата што полскиот клуб му ја укажа со неговиот ангажман во летниот преоден рок.

Чурлинов се запиша меѓу стрелците веќе на својот втор настап за новиот тим, постигнувајќи гол во 17. минута од натпреварот против Лублин за водство на Погон од 1-0. Голот падна по една одбранета топка на противничкиот голман која заврши до Чурлинов, а тој само ја смести во мрежата.

Pogoń Szczecin 1-0 Motor Lublin - Darko Čurlinov 17' (Ekstraklasa)
by u/4gjdtokurwa in soccer

Македонскиот офанзивец одлично се вклопува во новата средина, а раниот погодок е уште една потврда дека е подготвен да има значајна улога во амбициите на Погон Шчечин во тековната сезона.

За Чурлинов ова е дополнителен мотив по враќањето во натпреварувачки ритам, а неговите добри партии секако се позитивна вест и за македонската репрезентација во пресрет на претстојните предизвици.