Дарко Чурлинов дебитира за Барнли во меч со шест гола

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го имаше првиот настап за Барнли во Чемпионшип лигата по трансферот од бундеслигашот Штутгарт.

Барнли на домашен терен како голем фаворит не успеа да го победи Блекпул (3-3). Иако водеше со два гола во два наврати, домаќинот не победи. За Барнли реализираа Теља кој беше двоен стрелец и Браунхил, на паузата беше 3-1.

Во второто полувреме гостинот се извлече од пораз со погодоците на Лејвери и Јатес. Двете екипи завршија и со по еден играч помалку затоа што поцрвенеа Кери и Матсен.

Дарко Чурлинов влезе на терен од клупата за резерви во 72. минута, при резултат 3-1. Нашиот репрезентативец имаше една прилика за гол во судиското надополнување, но не успеа да реализира.

Состави

Винсент Компани

5-4-1

    Стивен Доби

    4-4-2