• Мартин Танасковски
Полски суперлигаш подготвува зимска понуда за Дарко Чурлинов, 25-годишното крило од Македонија кое настапува за турски Кочаелиспор. Иако клубот од Турција во моментов не размислува за продажба, конечната одлука ќе зависи од висината на понудата, како и од ставот на самиот фудбалер.
Интерес за Чурлинов и во минатото покажуваа Јагјелонија и Легија Варшава, а како нов потенцијален кандидат се споменува и Видзев Лоѓ, пред сè поради неговата финансиска моќ. Македонскиот репрезентативец му се приклучи на Кочаелиспор во септември 2025 година и има договор до јуни 2027.
Чурлинов досега има 38 настапи и пет погодоци за репрезентацијата на Македонија, додека оваа сезона во турската Суперлига одигра 11 натпревари без постигнат гол, а погоди само во Купот на Турција. Според „Трансфермаркт“, неговата моментална пазарна вредност изнесува 1,5 милиони евра.
Во јуни 2025 година, Барнли бараше 2,5 милиони евра за негов трансфер, додека медиумите тогаш пренесоа дека еден полски клуб бил подготвен да плати повеќе од еден милион евра. Чурлинов претходно во август 2022 година се пресели од Штутгарт во Барнли за сума од околу 3,5 милиони евра.
