Дарбое задоволи на тестот и потпиша двегодишен договор со Шкупи

Дарбо

Екипата на Шкупи за новата сезона во ПМФЛ се засили со уште едно име. Се работи за Дембо Дарбое кој доаѓа од Гамбија и кој од јуни беше на тест фаза во Скопје.

Фудбалерот ги задоволи очекувањата и доби договор во должина од две години, со можност истиот да биде продолжен на уште една.

„Среќен сум што ќе бидам дел од Шкупи. Ова е ново искуство за мене како фудбалер и ќе направам што можам за да бидам успешен“, кратко изјави Дарбое.

Македонското првенство на програмата се враќа овој викенд, а чаирчани во првото коло ќе го пречекаат новиот прволигаш Борец од Велес.