Дански второлигаш го позајми Иван Николов од Сондерјиске

Македонскиот интернационалец Иван Николов ќе има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Втората лига на Данска.

22-годишникот ќе бара поголема минутажа во тимот на Вендсисел каде ќе игра како позајмен до лето од тимот на Сондерјиске. Во данскиот шампионат за време на есента, Николов одигра десет меча за Сондерјиске.

Македонскиот фудбалер веднаш му се стави на располагање на тимот на тренинг-кампот во Колумбија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.