Дански талент ги „скара“ Ајакс, Барселона и Баерн

Младиот Рони Бардги од редовите на екипата на Копенхаген предизвика борба меѓу неколку европски великани.

Талентираниот фудбалер има само 15 години и веќе е најавен како иднина на европскиот фудбал. Неговата пазарна вредност моментално е десет милиони евра, која нема да биде проблем за гигантите на стариот континент.

Крилниот играч е интересен за Барселона, која веќе испрати скаути да го следат секој негов настап. Сепак, конкуренцијата ќе биде голема, со оглед на трката за неговиот потпис која ја најавуваат Баерн Минхен и Ајакс.

Бардги е роден во Сирија, а поседува и шведско државјанство.