Данска е сино-жолта: Брондби по 16 години се врати на тронот

Екипата на Брондби во последното коло си ја заврши работата, славеше над Нордсјиланд (2-0) и се врати на тронот во данскиот фудбал по долго чекање.

Митјиланд имаше киксови во претходните кола, а тие Брондби ги казни и ја презеде лидерската позиција. Мудро ја чуваше до крајот и за првпат по 2005 година дојде до најзначајниот пехар во земјата.

За Брондби ова е единаесетти трофеј во историјата и се наоѓа на третата позиција на „вечната листа“, пред КБ Копенхаген со 15 и ФК Копенхаген со 13 титули. 

Поради успехот во домашното првенство, Брондби ќе игра во Лигата на шампионите.