ВИДЕО: Даноски со атрактивен гол ја урна Бачка Топола на Мирчевски

Македонскиот фудбалер Зоран Даноски имаше одличен ден за Нови Пазар и постигна гол за три бода на неговиот тим на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола (0-1).

На Бачка Топола оваа сезона не ѝ оди баш најдобро на домашен терен, а ова беше второ коло без победа во низа. Даноски стрела во 56. минута на атрактивен начин откако пласира откосо и ја стресе мрежата на противникот.

  • Голот на Зоран Даноски против ТСЦ:

За Даноски ова беше втор гол оваа сезона во Суперлигата на Србија, втор за победа. На овој натпревар настапи и македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски кој во дресот на ТСЦ заигра во 63. минута.