Даниеле де Роси e „спасителот“ на најстариот фудбалски клуб во Италија!

Даниеле де Роси се враќа на тренерската работа и наскоро ќе стане шеф на тренерскиот штаб на Џенова, јавија повеќе италијански медиуми. 

Се очекува двете страни наскоро да се сретнат и да постигнат дефинитивен договор за преземање на тимот. Џенова се бори за опстанок, па затоа соработката ќе биде потпишана до крајот на сезоната, со опција за продолжување за уште две години. 

Најстариот италијански клуб до неодамна го водеше Патрик Виеира, но Французинот не забележа ниту една победа во девет кола, по што беше одлучено да добие отказ. 

Де Роси има скромна тренерска кариера и досега ги предводеше само екипите на Спал и Рома.