• Сашо Поповски

Екипата на Велешта денес го претстави Даниел Стојановски како нов тренер. Второлигашот запиша лоши резултати на крајот од минатата година, па очекувани беа овие промени.
35-годишниот стратег доаѓа со амбиција да го задржи второлигашкиот статус на тимот. Моментално Велешта е на осмата позиција на табелата во ВМФЛ -Запад. Клубот се пофали и со новото засилување во Шпенд Асани. Тој пристигнува од Воска Спорт и ќе биде опција плус во офанзивната линија.
Беса ќе биде првиот противник на Велешта во новата година. Мечот е закажан за 19 февруари.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк