Даниел Рамос: Гледам ведри лица, сакаме успех со Шкупи и во КЛ

Санта Клара ја одигра најдобрата сезона во историјата и обезбеди место во Европа за првпат по повеќе од 20 години. Ривал во Конференциската лига на УЕФА ќе биде Шкупи, тим против кој тренерот Даниел Рамос верува во успех.

„Играме против екипа која пред нас започна со подготовки и натпревари. Сепак, оваа недела одлично работевме и верувам дека ќе го надополниме тој минус во нозете. Имаме големи амбиции во ова натпреварување и верувам дека ќе донесеме добар резултат пред реваншот. Гледам ведри лица, работна атмосфера и оптимист сум пред утрешниот натпревар против Шкупи“, изјави Рамос пред мечот.

Натпреварот меѓу Шкупи и Санта Клара се игра в четврток од 20:00 часот во Скопје, додека реваншот на Азорските Острови е закажан за седум дена подоцна.