Даниел Мојсов по пет и пол години ја напушта АЕК Ларнака

Даниел Мојсов од следната сезона и официјално ќе има нов предизвик во својата кариера, затоа што нема да го продолжи договорот со тимот на АЕК Ларнака.

Поранешниот македонски репрезентативец по пет и пол години ова лето ќе се раздели со кипарскиот прволигаши и ќе отвори нова страница во кариерата.

„Ние го цениме и почитуваме Мојсов, му посакуваме само најдобро во продолжението на кариерата“, велат од АЕК Ларнака.

33-годишниот дефанзивец за АЕК забележа вкупно 146 настапи, 105 од нив во домашниот шампионат, 15 во Купот, еден во Суперкупот и 25 во Европа, а постигна и пет гола.