Даниел Мојсов по два месеци се врати на терените

Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов по два месеци повторно заигра фудбал и се најде во составот на АЕК Ларнака.

Стоперот кој со голем успех настапува на Кипар беше повреден, но ја санира повредата и пак е во плановите на тренерот на тимот. Мојсов се најде во стартниот тим на дерби-дуелот со АПОЕЛ уште од првата минута и одигра 66 минути.

Натпреварот меѓу АПОЕЛ и АЕК Ларнака заврши без победник (0-0). Тимот од Ларнака се наоѓа на петтото место во кипарскиот шампионат и по осум кола не знае за пораз.