Даниел Божиновски потпиша за азербејџанскиот Сабаил

Македонската колонија во Азербејџан е побогата за уште еден член. Од денес Даниел Божиновски е нов член на азербејџанскиот клуб Сабаил, клуб во која настапува Томе Китановски. Третопласираниот клуб во шампионатот на оваа земја го ангажира голманот на Работнички, кој се обврза на договор на една сезона.

30-годишниот чувар на мрежата според Трансфермаркт има вредност од 135.000 евра, а пред да дојде во Работнички го носеше дресот на Брегалница од Штип и Силекс.

Божиновски во својата кариера запиша два натпревари во европските Купови, а и сезоната ќе го брани голот во Лига Европа со азербејџанскиот Сабаил.

Од средината на минатата сезона дресот на Сабаил го облече и прославениот интернационалец од Гана. Микел Есиен, кој во Азербејџан ја извршува улогата и како селектор на У17 националниот тим.