• Иван Димовски

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски има нов клуб во Турција, а повторно и во следната сезона ќе настапува во Втората лига на оваа земја.
Аврамовски стави потпис на договор со Мугласпор, клуб кој е нов второлигаш во Турција. Оваа екипа минатата сезона се натпреваруваше во третиот ранг, ама преку баражот стигна меѓу второлигашите и го промовира Македонецот како засилување во офанзивниот дел од средниот ред.
Минатата сезона Аврамовски беше дел од Сиваспор со кој заврши на десеттата позиција во Втората турска лига. Во сезоната тој одигра 28 натпревари, даде пет гола и забележа една асистенција.
Во својата кариера Аврамовски тргна преку Работнички, па беше дел од Македонија Ѓорче Петров, Црвена Звезда, ОФК Београд, Олимпија, Војводина, Вардар, Кајзериспор, Сараево, Болуспор и Игдир. Во Турција ја почнува својата четврта сезона во низа, откако претходно настапуваше и за Кајзериспор.

