• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски ќе има нова пауза и нема да може да настапи во тимот на Сараево најмалку во следните два натпревари.
Барем така најави тренерот Феџа Дудиќ, кој пред натпреварот против Тузла Сити соопшти дека Аврамовски го чека нова пауза поради повреда. Се работи за старата повреда која ја имаше, на бутниот мускул.
„Аврамовски паузира шест до седум дена, уште една седмица пауза што се однесува до работа со екипата и тогаш ќе го вратиме во тренажен процес“, изјави тренерот за македонскиот репрезентативец.
Аврамовски пристигна во Сараево како слободен, кога тренер беше Александар Васоски. Вториот македонски играч кој игра во бордо-тимот е Влатко Дробаров.