• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски погоди за Сараево и донесе важна победа во натпреварот против Тузла Сити (1-0) кој се одигра во рамки на босанскиот шампионат.
„Бордо“ тимот запиша три бода со кои пак е во игра за Европа. Единствениот погодок на мечот Даниел Аврамовски го постигна во 28. минута, кога одлично погоди во мрежата на ривалот од работ на шеснаесетникот.
Сараево е четврти во Премиер лигата на БиХ со 42 бода, исто колку што има и третопласираниот Железничар. Токму третото место носи квалификации во Конференциската лига.