• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец Даниел Аврамовски забележа асистенција за Сараево во рамки на Купот на БиХ.
Сараево ја оправда фаворитската улога и дома го совлада Посушје (3-1), а Аврамовски влезе од клупата за резерви во 78. минута. Само неколку минути подоцна, во 83. минута, македонскиот фудбалер го проигра Жиљкиќ за последниот гол на натпреварот на Сараево.
- Извештај од натпреварот:
Босанскиот фудбалски великан е далеку од најдобрите екипи во оваа сезона. Сараево игра лошо на домашната сцена и е далеку од местата кои водат во Европа. Во моментов, тимот се наоѓа на деветтото место.