• Саше Љолес
Реал Мадрид и Дани Себаљос ја завршуваат соработката. Шпанскиот фудбалер заминува од клубот и се наоѓа на „крстопат“ помеѓу две дестинации.
Себаљос има отворени понуди од Бетис и Ајакс, а медиумите пишуваат дека во моментов пореална опција е останување во Шпанија. Според информациите, Бетис му нуди значајна улога во првиот тим, нешто што го немаше во Реал Мадрид, каде најчесто беше резерва, а минатата сезона одигра нешто повеќе од 800 минути.
Бетис е матичен клуб на Себаљос, а дополнителен мотив за играчот е и фактот што андалузискиот тим избори учество во Лигата на шампионите, првпат после дури дваесет години.
Во дресот на Реал Мадрид одигра вкупно 135 првенствени натпревари и постигна пет голови. За шпанската репрезентација има впишано тринаесет настапи.

