ВИДЕО: Дани Олмо со еден гест испрати јасна порака до фановите на Барса

Барселона го совлада Реал Мадрид со 2-5 во финалето на Суперкупот на Шпанија во Џеда. Во спектакуларниот натпревар со седум погодоци каталонскиот тим успеа да го грабне трофејот кој го бранеа „кралевите“. 

По натпреварот во славјето своја порака до навивачите имаше Дани Олмо. Шпанецот по повод сите шпекулации околу неговата иднина поради проблемите со регистрацијата направи само еден гест со кој покажа што планира за иднината. 

Дани Олмо и Пау Виктор не можеа да бидат регистрирани поради финансиските проблеми на Барселона, а по голема правна битка клубот конечно успеа во својата намера.

Состави

Карло Анчелоти

4-2-3-1

    Ханси Флик

    4-3-3