ВИДЕО: Дани Мусовски го даде првиот гол сезонава во МЛС

Македонскиот фудбалер Дани Мусовски беше херој на Сиетл Саундерс во ремито против Сан Диего (1-1) во американската МЛС лига.

Сиетл беше на чекор до пораз на домашен терен, но Мусовски во самиот финиш се погрижи неговиот тим да избегне неуспех. Македонскиот напаѓач шанса доби од клупата во второто полувреме, а довербата ја оправда со погодок во 80. минута за конечни 1-1.

За Мусовски ова беше прв гол во тековната сезона во МЛС шампионатот, откако претходно веќе се запиша во листата на стрелците во КОНКАКАФ Купот на шампиони на натпреварите против Тигрес и Ванкувер Вајткепс.

Дени Мусовски беше избран и за играч на натпреварот во ремито на неговиот Сиетл.