ВИДЕО: Дани Мота ја откажа Џенова, петти сезонски триумф за Монца во Серија А

Екипата на Монца стигна до петтиот сезонски триумф во Серија А, откако во 15. коло славеше со минимални 1-0 над Џенова. Домашниот тим имаше повеќе од играта и заслужено дојде до нови три бода во елитниот италијански фудбал. 

  • Извештај од натпреварот:

Во првото полувреме немаше голови, а единствениот и решавачки погодок пристигна во 83. минута кога Дани Мота ја затресе мрежата по една убава акција на домашниот тим. Конечниот резултат на крајот беше 1-0, а сега Монца се искачува на деветтата позиција со 21 бод, додека Џенова останува на 15. место со петнаесет бодови на своето салдо. 

Во следното коло Монца ќе има тешко гостување кај екипата на Милан, додека Џенова на домашен терен ќе го нагости Јувентус, кој прикажува одлична форма периодов. 

Состави

Рафаеле Паладино

3-4-2-1

    Алберто Џилардино

    3-5-2