Дани Алвеш по 17 години се врати во Бразил: Потпиша со трофејниот Сао Паоло

По 17 години минати во Европа, најтрофејниот фудбалер на сите времиња, Дани Алвеш се враќа во Бразилерао. Десниот бек го раскина договорот и пронајде ангажман во еден од најдобрите клубови од татковината. 

Најкорисниот фудбалер на последното издание на Копа Америка ги мина лекарските прегледи и ќе потпише тригодишен договор.

Во 2002 година Бахија го продаде на Севиља, а потоа Дани Алвеш стана најтрофеен фудбалери, освојувајќи го сите можни трофеи во клупскиот .фудбал

Со Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ, Дани Алвеш има скоро 40 трофеи, со што е неприкосновен пред Пеле и Меси како најтрофеен во историјата на спортот.