Дани Алвес и Паоло Малдини најтрофејни освојувачи на Суперкупот

Најтрофеен освојувач на еден евроопски Куп е Пако Хенто од Реал Мадрид со шест освоени Купа на европските шампиони, па следи Роналдо со пет и Малдини, Меси, Иниеста, Пике и Сидорф со четири европски круни.

Токму Малдини, заедно со Дани Алвес најчесто го освојувале и европскиот Суперкуп, по четири пати, а Каталонецот Франциско Хозе Караско со три освоени Купа на куповите е прв во ова натпреварување кое веќе 15 години не постои.

Севкупно во сите натпреварувања на УЕФА најтрофејни се Хенто и Реј Клеменс со шест европски трофеи, пред Ари Хан, Кристијано Роналдо и Реј Кенеди кои имаат по пет.

Сите европски купови ги освоиле само осум фудбалери: Блинд, Брио, Кабрини, Мирен, Ширеа. Такони, Тардели, Вијали.