ВИДЕО: Данфа имаше меч топка во 95. минута, ама се посрамоти од ПЕТ метри!

Прилепска Победа впиша огромен бод во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамки од петтото коло како гостин ремизираше со шампионот Шкупи  (1-1). 

Тофилоски правеше чуда на голот, а Галевски даде супер-гол, но се чини дека најголем виновник за киксот на чаирчани е домашниот офанзивец Данфа, кој во 95. минута успеа да го промаши невозможното и од само пет метри биеше високо над голот на прилепчани.

  • Големото промашување на Данфа против Победа:

Незадоволството кај домашните фанови беше огромно, па актуелниот првак доби свирежи за изданието.