• Мартин Танасковски
Екипата на Работнички во нов лик ќе ја започне сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Подмладени, дебармаалци влегуваат во новиот предизвик, а прв ривал ќе биде екипата на Силекс, дуел кој го најави 18-годишниот Димитар Данев.
„Старт е на новото првенство, а секој почеток е тежок. Но, ние работевме квалитетно во текот на летните подготовки и мислам дека сме максимално подготвени за успешен старт. Имаме респект за Силекс, но максимално сме мотивирани за позитивен почеток на шампионатот. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ги исполниме задачите на стручниот штаб, се надеваме на најдобро“, изјави Данев.
Натпреварот меѓу Работнички и Силекс се игра на Арената „Тодор Проески“ во недела од 17:00 часот.