Данецот Јакоб Фрис е нов селектор на Финска

Фудбалската федерација на Финска го именуваше Јакоб Фрис за нов селектор на националниот тим, кој добива тригодишен договор, со опција да остане на клупата и за Европското првенство во 2028 година. 

Финците ќе имаат задача да ги подобрат резултатите со новиот селектор, кој најави голема борба за успеси и изрази задоволство од постигнатиот договор. 

„Чест ми е што ќе ја водам репрезентацијата, ова е голем предизвик за мене. Луѓето од федерацијата ми укажаа доверба на која морам да возвратам соодветно. Разговорите се одвиваа одлично и мислам дека сите сме на истата фреквенција“, изјави Фрис. 

Данскиот стратег ќе го замену Марку Канерва, кој доби отказ по испаѓањето на Финска во Ц дивизијата од Лигата на нации, без ниту еден освоен бод во Б сегментот. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.